Нина Неданоска се обрати на првиот настан на жени лидери во банкарскиот сектор

На 22.03.2023 г. се одржа првиот настан на жени лидери во банкарскиот сектор во земјава, на кој се разговараше за најголемиот предизвик за новата генерација жени лидери, а тоа е зелената економија.

Во организација на Македонската банкарска асоцијација со овој настан се одбележа Глобалната/Европската недела на пари, која годинава се одржува под мотото: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“.

Пред присутните се обрати претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, а на панел-дискусијата учествуваа г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, г-ѓа Емилија Спировска, член на Управниот одбор на Прокредит Банка АД Скопје, и г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ.

На настанот, жените лидери споделија со присутните како тие лично ја доживуваат зелената економија, како го имплементираат концептот на зелена економија, како и нивното мислење за тоа кои се најитните прашања за одржливост со кои се соочува банкарската индустрија денес.

„Свеста за зелената економија не е доволно развиена и ние мора да работиме на нејзино зголемување. Нашата улога како банка во голем дел е и консултативна, па максимално посветуваме внимание на тоа и самите компании да сфатат дека зелената економија е иднината“, зборуваше г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје. „Пред 12 години ја финансиравме првата фотоволтаична централа, а минатата година финансиравме повеќе од целиот период претходно. Сметам дека сите компании мора да го почувствуваат бенефитот и да се едуцираат. Ние како банка на секој начин се обидуваме ова да го правиме, преку различни општествено одговорни активности под платформата SPARKASSE LIFE, па така, на пример, оваа година наместо подароци, решивме да засадиме дрвца во име на нашите клиенти и да им подариме благодарници за засадени дрвца во нивно име, а за овој чекор добивме многу позитивни реакции од нашите клиенти и соработници“.

Таа истакна дека со реализација на стратегијата за одржливост која доаѓа од матичната Ерсте Групација, Шпаркасе Банка постојано придонесува за подобра иднина на нашите деца.

„Ние како жени поемотивно пристапуваме и не секогаш профитот е оној што ќе влијае врз крајната одлука. На тој начин, потребно е преку наш личен пример да ги убедиме и нашите вработени да работат во насока на зелена економија и да ги едуцираме нашите деца, бидејќи тие се оние што ќе ја развиваат зелената економија во иднина. Доколку секој од нас направи чекор плус, сите заедно ќе добиеме многу. Да веруваме во она што сакаме да го оствариме и на крај тоа и ќе го реализираме“, истакна г-ѓа Нина Неданоска.

Шпаркасе Банка продолжува континуирано да работи во насока на едукација и подигање на свеста за зелената економија и воспоставување енергетско ефикасни решенија, како и реализација на долгорочна стратегија за одржливост.

реклама

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе