ФОРМУЛА 1 2020

Ништо и од Големата награда на Холандија

Ф1
Ф.З.
/ 28.05.2020 / 14:12

Една по една, полека се откажуваат трките од сезонава во Ф1. Денеска организаторот потврди дека формула сезонава нема да се вози и во Холандија.

Поради пандемијата со COVID-19 се откажа уште една трка од сезоната 2020 која никако ни да почне. Организаторите на долгоочекуваното Холандско Гран-при потврдија дека земјата на лалињата сезонава нема да ја одржи својата трка.

Холанѓаните за оваа сезона го планираа враќањето во Ф1 по 1985 година и тоа со реконструирана патеката Зандворт, а Макс Верстапен едвај чекаше да се трка пред домашната публика. Сепак, сето тоа ќе мора да почека барем до наредната 2021 сезона.

Организаторот информира дека целосно бил подготвен да ја одржи трката, но бидејќи тоа морало да биде без публика, решија да ја откажат. Првично закажано за 3 мај, потоа одложено за нов, недефиниран датум, Гран-прито на Холандија сега е веќе откажано.

„Бевме целосно подготвени за оваа трка и сѐ уште сме. Ние и Ф1 ја разгледувавме можноста годинава да одржиме трка на нов датум без публика, но работата е што ние сакаме враќањето на Формула 1 во Зандворт да го прославиме заедно со нашите фанови во Холандија“, изјави поранешниот возач Јан Ламерс, сега директор на Холандското ГП.

Сите оние кои веќе имаат набавено карти за трката истите ќе можат да ги употребат и наредната сезона.

Холандското ГП е четврто откажано сезонава по оние во Австралија, Монако и Франција. Шест други се со статус на одложени, но без дефиниран датум.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Ф1

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Read more

Playseat го претстави официјалниот Ф1 кокпит за тркачки симулации

Read more

Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

Read more

Саинс и Леклер доминираа во Австралија, на Верстапен му откажаа сопирачките

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе