Ништо од класичниот Евросонг и годинава, кои се можните сценарија?

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) соопшти детали во врска со годинашниот Избор за песна на Евровизија, што треба да се одржи во Ротердам, Холандија од 18 до 22 мај.

 

Откако минатата година Евросонг беше откажан поради пандемијата на COVID-19, организаторите се погрижија таков исход да не се случи оваа година. Тие понудија неколку можни сценарија во поглед на организацијата на настанот.

URL

Сценариото А вклучува нормална организација на Евросонг, како и сите претходни години, со публика и изведувачи на сцената во живо. Сепак, ова сценарио дефинитивно е отпишано и организаторите рекоа дека до мај ќе одлучат дали ќе се реализира Сценарио Б, В или Г.

Во сценариото Б, процентот на публика во салата е намален на 80%, а во прес-центарот може да има само 500 новинари, додека 1.000 би го следеле настанот виртуелно. Сите изведувачи и посетители кои би присуствувале во живо настанот, ќе мора да одржуваат дистанца од најмалку 1,5 м.

Во сценаријата В и Г, никој од изведувачите и членовите на делегациите не би дошол во Ротердам, туку настапите би се емитувале во живо од националните телевизиски студија.

Во сценариото В, публиката ќе биде во живо во салата, а сите новинари ќе присуствуваат на шоуто виртуелно.

Најстрогото, сценариото Г, предвидува настапи без публика во салата и без придружни настани.

Според објавените информации на официјалната веб-страница, меѓу учесниците ќе биде и претставникот од Република Северна Македонија.

реклама

Филм & ТВ

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Read more

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more
 

Сцена

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе