Компанијата Nissan се подготвува за претставување на новата генерација на моделот Qashqai, а сега ги открија и клучните детали.
Третата генерација на кросоверот Qashqai има за цел да ја продолжи успешната продажба бидејќи Nissan продаде повеќе од 3 милиони примероци од првите две генерации во Европа, односно 5 милиони примероци ширум светот.
Qashqai е базиран на новата платформа, дизајниран е и развиен во Велика Британија каде што и ќе се произведува.
За првпат во својата историја нема да биде достапен со дизел мотор.
Новиот модел доаѓа со 19-инчни фелни, односно со 20-инчни фелни за моделот со погон на сите четири тркала.
Ќе го движи 1,3-литарски бензин мотор со 12V благ хибриден систем кој ќе испорачува 138 КС во верзијата со мануелен менувач и погон на предните тркала, односно 155 КС со CVT автоматски менувач.