Nissan го откри изгледот на долгоочекуваниот наследник на моделот 370Z
Концептот за Nissan Z Proto е инспириран од легендарниот модел 240Z, а долгоочекуваниот наследник на спортскиот модел 370Z во продажните салони се очекува во средината на наредната година.
Нема многу детали за најновиот Nissan, познато е дека ќе го придвижува V6 мотор со два полњачи кој ќе развива околку 400 коњски сили.
За пренос на силата се користи 6-степен менувач, а од Nissan најавија дека ќе биде понуден и модел со автоматски менувач.