Nissan полека се повлекува од Европа

Nissan ја разгледува можноста да продаде две свои фабрики на Стариот континент, имајќи предвид дека јапонскиот производител подготвува план за рехабилитација додека глобалната автомобилска индустрија прави скапи чекори во насока на електричните возила.

Повикувајќи се на анонимни извори, Bloomberg објави дека Nissan веќе покажува интерес за потенцијални купци за неговите фабрики во Велика Британија и во Шпанија.

Другата опција што ја разгледува јапонскиот автомобилски гигант е да продаде една од фабриките, со оглед на тоа дека му опаѓа пазарниот удел во Европа. Иако конечна одлука уште нема, меѓу потенцијалните купци за фабриките има неколку кинески компании.

Профитот на Nissan во првата половина од годинава падна речиси на нула, а новиот извршен директор Макото Учида се соочи со проблеми од самиот почеток на неговиот мандат.

Меѓутоа, портпаролката на Nissan рече дека во моментов, јапонскиот производител не планира да ги продаде погоните во Европа.

Nissan уште во јули најави дека планира да укине 12.500 работни места ширум светот бидејќи сака да се фокусира на матичните пазари – САД и Кина.

Исто така, Nissan размислува да ги увезува своите модели во Европа директно од Јапонија, сега кога веќе нема трговски препреки од ЕУ. Ако направи ваков потег, веќе нема да му бидат потребни фабрики во регионот.

Nissan веќе најави низа мерки за намалување на трошоците во Европа, вклучувајќи укинување на 600 работни емста во фабриката во Барселона која моментално работи со капацитет од помалку од 200.000 возила годишно.

Вабриката во Сандерленд, Велика Британија исто така беше во фокус, откако Nissan ги предупреди локалните власти дека Брегзит без договор би го направил овој објект неодржлив.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе