Nissan Qashqai го собори Гинисовиот рекорд за највисок банџи скок на автомобил

Nissan Qashqai e-Power го собори Гинисовиот рекорд за највисок банџи скок за автомобили откако „скокна“ од височина од 65 метри.

Овој подвиг беше снимен во Путо, Франција, каде кран го исфрли Qashqai во близина на високи згради. За да биде сè безбедно, автомобилот бил ставен во посебен кафез. Лоран Ласко, професионален тркач и каскадер, цело време бил на возачкото место.

Претставници на Гинис биле присутни за да се погрижат сѐ да биде како што треба. За да се препознае рекордот, автомобилот и банџи кабелот морале да останат недопрени. „Скокот“ на крајот поминал без проблем, па Qashqai e-Power стана нов рекордер.

Nissan се одлучи на овој потег со цел да го промовира новиот Qashqai.

„Ова е храбар и важен предизвик што ние во Nissan навистина го сакаме. Брендот отсекогаш покажувал способност да иновира и менува навики, а тоа го правеше смело. Qashqai се обиде со скејтборд, сурфање, пејнтбол и други возбудливи активности, а во новата кампања тие ќе скокаат од зграда на зграда. Идејата за банџи скок ја симболизира личноста на новиот Qashqai“, објави Nissan.

Remote video URL

Сепак, треба да се напомене дека највисокиот банџи скок всушност е забележан во 1992 година, кога GMC Jimmy „одлета“ од мост во Западна Вирџинија, односно од висина од 263,7 метри. Исто така, во емисијата Top Gear, водителот Ендрју Флинтоф седеше во модел на Rover Metro додека автомобилот падна од врвот на брана висока 164 метри.

Поради тоа се поставува прашањето зошто Qashqai е рекордер, а одговорот е едноставен. Претходните рекорди не биле следени или потврдени од претставници на Гинис. GMC Jimmy бил снимен со цел да го промовира новиот модел, додека Top Gear го извел подвигот само за забава.

реклама

Авто новости

Експерт открива кои девет модели на автомобили најмалку се расипуваат

Read more

Stellantis прави чистка во Европа: Кои брендови се во најголем ризик од исчезнување?

Read more

Како кинеските производители ги искористија „дупките“ во царините и ја зголемија продажбата во Европа

Read more

Експертите го избраа најдобриот половен семеен автомобил

Read more
 

Автомобили

Експерт открива кои девет модели на автомобили најмалку се расипуваат

Читај повеќе

Stellantis прави чистка во Европа: Кои брендови се во најголем ризик од исчезнување?

Читај повеќе

Citroën експериментираше со дизајнот и го создаде концептот ELO

Читај повеќе

Како кинеските производители ги искористија „дупките“ во царините и ја зголемија продажбата во Европа

Читај повеќе

Експертите го избраа најдобриот половен семеен автомобил

Читај повеќе

Сè повеќе купувачи се откажуваат од електричните автомобили, се враќаат на бензинци​

Читај повеќе

Volkswagen работи на автономно возило без волан и педали

Читај повеќе

Каде во Европа ќе купите најдобри половни автомобили?

Читај повеќе

Volkswagen ја менува стратегијата

Читај повеќе