Ниту еден починат првпат по 10 месеци, осум градови без активни случаи на COVID-19

Скопје, 14 јуни 2021 (МИА) – Нема ниту еден починат ковид-пациент во претходното деноноќие, првпат по 10 месеци, а регистрирани се и само осум новозаразени од 3068 тестирања и девет оздравени.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ова е мала победа, која влева надеж, но, апелира да се почитуваат мерките за заштита.

– Првпат по 2 септември 2020, денеска не бележиме ниту еден починат од COVID -19. Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме, изјави вчера Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 834 099 тестирања на COVID -19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Во Скопје има 189 активни случаи, Куманово – 52, Прилеп – 33, Тетово – 28, Кичево-26. Во осум градови, Кавадарци, Ресен, Берови, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран, нема ниту еден заразен, во три града, Валандово, Македонски Брод и Крушево, само по еден активен случај.

Покрај намалувањето на новозаразени лица, сè е помал бројот и на ковид-пациентите кои се лекуваат во болниците низ државата. На болничко лекување во целата држава се 105 пациенти, од кои 37 се во Скопје.

Во претходното деноноќие од коронавирусот, во Скопје е хоспитализиран само еден пациент – во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“.

Во главниот град, 22 пациенти се хоспитализирани на Инфективната клиника, 14 се лекуваат во ГОБ „8 Септември“ и двајца на Институтот за ТБЦ. Има околу 90 слободни места.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 68 пациенти позитивни и сомнителни на COVID -19 – во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, во Штип и во Струга по пет, Тетово и Прилеп имаат по тројца пациенти, Велес и Охрид по шест, Куманово 18, Гостивар има осум, Струмица девет, Кичево еден, а во Кавадарци и Гевгелија нема хоспитализирани.

Денеска пристигнува нова количина на вакцините „Фајзер“, а до крајот на неделата, се очекуваат 500.000-те вакцини од „Синовак“. Според најавите на министерот Филипче, со половина милион вакцини од „Синовак“ ќе се вакцинираат околу 450.000 граѓани, пријавени на веб-платформата vakcinacija.mk. Во државата се аплицирани околу 450.000 дози, а ревакцинирани над 180.000 граѓани.

Според податоците на Министерството за здравство, една доза вакцина имаат примено 48 отсто од граѓаните над 70 години, 42 проценти од оние над 65 години и 35 отсто од населението над 60-годишна возраст.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Потврда за завршена вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан COVID -19, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез во Грција.

Во новата одлука што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а стапува во сила денеска во 6 часот наутро, нема никакви промени во однос на претходната, а Северна Македонија и понатаму е една од 23-те трети земји за кои постои исклучок од забраната за влез во Грција.

Кон Северна Македонија отворен е само граничниот премин Евзони (Богородица) со работно време од 7 до 23 часот по локално, односно од 6 до 22 часот по македонско време.

Во светот досега од коронавирус се заразиле над 176 милиони жители, починале околу 3,8 милиони луѓе, а оздравеле 160 милиони лица.

Г-7 идната година ќе донира една милијарда вакцини против COVID -19 и ќе соработува со приватниот сектор, со Г-20 и со други држави, се наведува во речиси довршената изјава од тридневниот самит во Корнвол.

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО) ги поздрави најавите од самитот на Групата седум најразвиени индустриски земји (Г7) за обезбедување вакцини против коронавирусот, но истакна дека на светот му требаат многу повеќе вакцини и дека тие треба побрзо да пристигнат.

– Им кажав на лидерите на Г7 дека нашиот предизвик е – за навистина да може да се запре пандемијата до следниот самит на Г7 следната година во Германија мора да вакцинираме најмалку 70 проценти од светската популација, изјави директорот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејсус пред новинарите на самито во југозападна Англија.

За да го постигнеме тоа, потребни ни се 11 милијарди дози, смета Тедорс, додавајќи дека е потребно земјите привремено да се откажат од заштитата на интелектуалната сопственост за вакцината против коронавирусот.

Домаќинот на самитот Г7, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека групата најразвиени земји ќе обезбедат најмалку милијарда дози вакцини, а во текот на следната година половина од ветеното количество ќе дојде од САД и 100 милиони од Велика Британија.

Тедрос повтори дека неговата цел е до крајот на 2021 година да се вакцинираат 30 отсто од населението на секоја земја. За да се постигне таа цел, додаде тој, потребно е да се обезбедат 100 милиони дози во јуни и уште 250 милиони до септември.

Властите во светот, најчесто со кампањи ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат. Но, Градскиот совет на американскиот град Колумбус, во централната сојузна држава Охајо, одлучи жителите да ги мотивира со 100 долари за вакцинација.

Имено, Градскиот совет на Колумбус денеска ќе гласа за нацрт-законот што ќе им овозможи на вакцинираните лица да добиваат по 100 американски долари за да се поттикне масовната имунизација, јави локалниот весник The Columbus Dispatch.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе