НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Најавата за натпревари на отворено на Флорида (верувале или не), одличната форма на Детроит Ред Вингс, плановите за нова арена, годишнината за најдобриот голман во лигата и пензионирањето на неговиот дрес ја одбележаа претходната недела во НХЛ.

НХЛ следната сезона ќе игра не еден, туку два натпревара на отворено на Флорида, објави лигата. Флорида Пантерс ќе биде домаќин на Зимскиот класик во 2026 година во „ЛоанДепо Парк“ во Мајами, каде што ќе играат против Њујорк Ренџерс на 2 јануари.

Тампа Беј Лајнтинг ќе биде домаќин на Стадион серијата 2026 на стадионот „Рејмонд Џејмс“ во Тампа, каде што ќе играат со Бостон Бруинс на 1 февруари.

„Натпревари на НХЛ на отворено во Флорида? Зошто да не. Никогаш нема да кажеме дека нашата лига не е подготвена да го прифати предизвикот“, рече комесарот на НХЛ, Гери Бетман.

„ЛоанДепо Парк“, домот на Мајами Марлинс во МЛБ, има покрив кој се повлекува. Стадионот „Рејмонд Џејмс“, домот на НФЛ тимот Тампа Беј Бјуканирс, нема. Но, НХЛ има одиграно 42 натпревара на отворено во секоја можна состојба. Седум од нив беа на 10°C или повисоки на почетокот на натпреварот. Два беа над 15°C.

Беше 16°C кога Анахајм Дакс го победи Лос Анџелес Кингс со 3:0 на стадионот „Доџер“ во Лос Анџелес на 25 јануари 2014 година. Беше 18°C кога Детроит Ред Вингс го совлада Колорадо Аваланш со 5:3 на „Корс Филд“ во Денвер на 27 февруари 2016.

„Во Мајами имаме намера да играме со отворен покрив, но покривот што може да се повлече ни дава некои опции и помага да се заштити поставувањето на мразот“, рече Дин Мацузаки, извршен потпретседател на НХЛ.

„Во Тампа, стадионот е на отворено, а ледената конструкција е многу поизложена на климатските услови. Тесно соработуваме со нашиот оддел за хокеарски операции и клучните добавувачи на нашите планови за заштита на ледената конструкција“, додаде тој.

Сезонава натпреварот под о0творено небо во рамките на Стадион серијата 2025 е закажан за 1 март на „Охајо“ стадионот во Колумбус, а домаќинот Колумбус Блу Џекетс ќе го пречека Детроит Ред Вингс. Претход, на 31 декември се одигра Зимскиот класик на „Ригли Филд“ во Чикаго каде Сент Луис Блуз со 6:2 го победи домашниот Чикаго Блекхокс.

Тагови
реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Read more

Што ќе се случи ако истурите омекнувач во тоалетот?

Read more

Останати спортови

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Read more

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Read more

Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација на СП

Read more

Филаделфија Иглс го декласираше Канзас Сити Чифс и го освои Супербоулот

Read more
 

Спорт

Анчелоти ќе добие отказ ако Реал Мадрид остане без ЛШ трофеј

Читај повеќе

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе

Премиер лигата експресно го казни Слот

Читај повеќе