НЛБ Банка со нова современо опремена експозитура во Тафталиџе

НЛБ Банка денеска со отворањето на нова експозитура во населба Тафталиџе ја прошири својата продажна мрежа на уште една локација.

Новата експозитура ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Истата е опремена по најсовремени технолошки и безбедносни стандарди, како и со 24-часовна самоуслужна зона со „Cash in“ банкомат. Во самоуслужната зона клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон.

Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

„Ми причинува големо задоволство што од денеска започнува со работа 53-та експозитура на НЛБ Банка. Со отворањето на оваа експозитура, кое се случува во услови на пандемија, ја прошируваме нашата продажна мрежа со уште една атрактивна локација. Нашата цел е да ја зголемиме достапноста на Банката, како и да овозможиме уште подобро корисничко искуство. Во модернизиран амбиент следејќи ги нашите корпоративни бои креиравме ново катче кое ќе придонесе кон повисоко ниво на опслужување на жителите на Општина Карпош и граѓаните на градот Скопје со сите наши продукти и услуги“, истакна г-а Маја Ставрева Стојанова - Директор на сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка.

По повод отворањето на новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува првите сто клиенти во експозитурата и тоа: клиентите кои ќе аплицираат за НЛБ кредитнa или бизнис картичка, ќе добијат бесплатна членарина за првата година на користење, а клиентите кои за време на нивната посета во експозитурата ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација со привилегија за плаќање, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата.

 Со отворањето на оваа експозитура НЛБ Банка располага со продажна мрежа од вкупно 53 експозитури на територијата на Р. Северна Македонија, од кои 27 во Скопје, а останатите 26 надвор од главниот град.

*Промотивен текст

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе
  • filter

23 април 1014, Ирците ги победиле Викинзите кај Даблин

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе