Подводни фотографии што изгледаат како да се од друга планета
Натпреварот Ocean Art Photography се организира веќе шест години, а натпреварувачите од година во година учествуваат со неверојатни подводни фотографии кои ја прикажуваат убавината на морскиот свет што луѓето ретко го гледаат.
Во 2016 година на натпреварот учествуваа 95 фотографи од 60 земји, во најразлични категории. Gizmodo направи галерија од најфасцинантните подводни портрети, кои изгледаат како да се направени на некоја друга планета.