Volvo ги израдува љубителите на мали теренски возила
Класата на автомобили во Европа која забележа најбрз раст доби сериозен конкурент.
На свечената премиера во Милано, „Volvo“ го прикажа својот најмал кросовер, односно најкомпактниот „SUV“, како што тие го класифицираа.
Моделот XC40 се смести во категоријата која по популарност во Европа ја надмина и таканаречената голф класа.
XC40 е најмалиот кросовер кој Volvo го има во своите понуди и логично многу потсетува на моделите XC60 и XC90, што може да се заклучи и по доста атрактивните LED светла напред и позади.
Па да видиме што овој „мал“ Volvo може да им понуди на љубителите на малите теренски возила.