Цртање лого на познати брендови по сеќавање, резултатите се пресмешни
Компаниите плаќаат милиони долари за маркетинг на нивните брендови со надеж дека ќе успеат да „изнајмат“ дел од нашите мозоци каде ќе се складира сликата на нивното лого и ќе остане врежана таму.
Иако лесно ги препознаваме логоата на популарните брендови, колку лесно може да ги нацртате по сеќавање? Компанијата Signs.com го итражи токму тоа: 156 Американци на возраст од 20 до 70 години беа замолени да го нацртаат логото на неколку познати брендови по сеќавање, најдобро и најточно што можат.
Резултатите се пресмешни, а ќе бидете изненадени колку едни цртежи се разликуваат од други, како луѓето ги паметат боите наопаку или пак правецот на линиите во друга насока.