Победничките фотографии од Wildlife Photographer of the year
Природнонаучниот музеј во Лондон ги објави победничките фотографии од Wildlife Photographer of the year натпреварот. Фотографиите ги откриваат убавините, моќта и животната ранливост на Земјата.
Победничките фотографии се одбрани од над 45.000 пристигнати фотографии од 95 земји. Меѓународното жири главната награда му ја додели на холандскиот фотограф Марсел ван Остен за фотографијата наречена „Златната двојка“, на која главни ѕвезди се два мајмуна од кинеските планини Кин Линг.