Специјалниот Bugatti Chiron Sport „110 Ans Edition“
Францускиот производител на суперавтомобили Bugatti годинава одбележува 110 години од основањето на компанијата, и по повод овој јубилеј ќе ја претстави специјалната верзија на моделот Chiron, наречена „110 Ans Edition“.
Chiron Sport „110 Ans Edition“ е заснован на регуларниот Bugatti Chiron, а ќе биде достапен исклучиво во мат Steel Blue боја. Надворешноста има елементи од карбонски влакна, како и украсни детали со боите на француското знаме.
Овој посебен модел ќе биде произведен во само 20 примероци, што значи дека ќе биде навистина тешко да се поседува еден од нив.