Најмоќниот и најбрз Audi Q8 досега
По дизелската увертира на моделот Q8 за купувачите од европскиот континент, сега германската компанија Audi ја претстави и адекватната турбобензинска алтернатива, која е најмоќна и најбрза изведба на овој модел досега.
Audi Q8 2019 доаѓа со 3-литарски турбобензински V6 мотор со директно вбризгување, кој произведува 340 коњски сили и максимален вртежен момент од 500 Nm. Тој е директна конкуренција на германските доминантни сили во оваа категорија, како BMW X6 и Mercedes GLE Coupe.