Lamborghini Huracan Evo Spyder пристигнува на Саемот во Женева
Автомобилскиот Саем во Женева започнува на 7 март, а на него се очекува да се појават многу нови модели од врвните автомобилски производители. Една од главните ѕвезди би требало да биде Huracan Evo Spyder на италијанската компанија Lamborghini, кој премиерно ќе биде претставен пред тамошната публика.
Во овој суперавтомобил е сместен 5,2-литарски атмосферски V10 мотор кој располага со 640 коњски сили при 8.000 вртежи во минута и 600 Nm максимален вртежен момент при 6.500 вртежи во минута. Продажбата на Lamborghini Huracan Evo Spyder започнува на пролет, а почетната цена на овој модел изнесува 202.437 евра.