Поштар на денот
Додека светот се справува со пандемијата на коронавирус и милиони луѓе се во самоизолација, има уште многу луѓе кои продолжија активно и надвор од домот да ги обавуваат нивните работни должности, за да може останатите да продолжат да живеат нешто што наликува на нормален живот.
Британецот Џон Матсон е еден од нив. Тој работи како поштар и за него работните обврски продолжија како и обично. Со една „мала“ измена: разнесува пошта и пратки облечен во различен костим или маска секој ден за да им го развесели секојдневието на луѓето кои се затворени дома.
Неговата идеја наиде само на позитивни реакции од луѓето на кои им доставува пошта и тие со нетрпени го очекуваат пред нивните домови.