Puma се враќа: Ford го претстави новиот компактен кросовер
Некогаш моделот Ford Puma беше мало и паметно дизајнирано купе со погон на предните тркала, а сега се враќа на пазарот во малку изменето и подобрено издание. Наместо купе, Puma сега е паметно дизајниран кросовер кај кого стилскиот израз на Ford целосно дојде до израз.
Поголеми изненадувања околу изгледот и дизајнот на Puma нема, бидејќи Ford го најави моделот уште на почетокот на годинава.
Уште на прв поглед може да се забележи точката која ги спојува Puma и Fiesta. Двата модели се разликуваат според платформата на која оперираат, а Puma презеде голем број дизајнерски карактеристики од новата Fiesta, со мала промена што лежиштето на овој модел стои малку повисоко од земјата.