Крај на една ера: Volkswagen го прекина производството на легендарната Буба
Како и што беше најавено, Volkswagen го прекина производството на еден од најпознатите модели во светот, легендарната Буба.
Во далечната 1938 година, од фабричката лента на Volkswagen беше симната првата Буба. Со оглед на денешните потреби за комфор, по седум децении и три генерации дефинитивно се прекинува производството на овој модел.
Легендарната Буба има свои корени во нацистичка Германија. По неколку успешни децении, продажбата забележа пад во последните неколку години, особено на американски пазар.
Компанијата во последните години ја разгледуваше можноста за модернизација и електрични верзии, но сепак се одлучија за прекинување на производството на овој легендарен модел.