„Follow Me To“, карантинска верзија
Веројатно се сеќавате на популарниот фото тренд „Follow Me To“ инспириран од рускиот фотограф Мурад Осман и неговата девојка Наталија Закарова кој потоа се претвори во инспирација за различни верзии. Оваа е карантинската верзија.
Bored Panda објави галерија од фотографии направени во домашни услови, со оглед на тоа што третина од светот е ставен под карантин поради пандемијата со COVID-19.