Како Русите му оддадоа почит на Лев Јашин?
Московски Динамо во неделата играше дома против Краснодар, а натпреварот мина во знак на Лев Јашин чиј роденден е два дена подоцна.
Играчите на Динамо излегоа на терен во маички со ликот на легендарниот голман, а најоригинален беше Антон Пунин кој реши да стави капче на глава и да се облече во црно, онака како што правеше неговиот претходник.
На теренот почесниот удар го изведе правнукот на Јашин, а беа присутни и една од ќерките како и неговиот внук Василиј Фролов кој не успеа да оди по неговите стапки прекинувајќи ја голманската кариера на само 23 години.