Фудбал

Нојер го одби предлогот на Баерн за нов договор

26. март 2020 - 17:33 | Ф.З.

Голманот на тимот од Минхен се сака да потпише нов договор под условите кои ги нудат „Баварците“, па сега неговата иднина станува неизвесна.

Баерн му понудил нов договор на Мануел Нојер, но само со продолжување на една година. Сегашниот договор на Нојер истекува во јуни 2021 година, а управата на минхенскиот клуб му понудила договор до јуни 2022, односно плус само една година, пренесува Bild.

Нојер утре ќе полни 34 години и веројатно во Баерн се скептични околу тоа на кое ниво ќе биде неговата форма во иднина и затоа не сакаат да ризикуваат со подолг договор, туку планом им е секоја година да му нудат нов на по една година. Мануел барал нов договор до јуни 2024 година.

Репрезентативниот голман на Германија е во Баварија од летото 2011 кога дојде од Шалке, неговиот матичен клуб.

Коментирај