ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Нојер: Мора Челси да го сфатиме сериозно

Голманот на Баерн е претпазлив, Челси е во криза и е далеку од оној гигант што беше, но сепак стигна до осминафиналето што не е мала работа.

Мануел Нојер веднаш по развршувањето на осминафиналната жрепка од Лигата на шампиони даде свое кратко видување за добиенот противник.

Баерн е голем фаворит во овој двобој особено и поради фактот што е единствената екипа која со максимален ефект ја мина групата. Тука е и лошата сезона која Челси ја игра, во Англија се големо разочарување, а во Лигата на шампиони завршија втори зад Валенсија.

„Жрепката ја гледавме тимски. Се радуваме што ќе одиме во Лондон. Имавме неколку интересни дешавки таму. Се разбира, се сеќаваме и на финалето во Минхен во 2012. Тие се опасен тим, мораме да ги сфатиме сериозно. Ќе мора да одиграме крајно фокусирано за да поминеме во наредната фаза“, рече Нојер.

Баерн и Челси се сретнаа во финалето во 2012 година кога токму „Алијанц“ арената беше домаќин. Но, Англичаните не му дозволија на баварскиот клуб да се радува пред домашната публика. Натпреварот заврши 1:1, а Челси потоа славеше на пенали со 4:3. Нојер беше тогаш на голот на Баерн и уште во првата серија го одбрани пеналот на Хуан Мата, но потоа беше немоќен во останатите четири.

Наредната 2013 година Баерн во Лондон конечно дојде до драгоцениот пехар совладувајќи ја Борусија со 2:1 во германското финале. Нојер и тогаш беше помеѓу стативите.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more
 

Спорт

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе