Nokia враќа два модела од почетокот на векот, цените повеќе од пристапни

Два модели на финската компанија од почетокот на овој век, Nokia 6300 и Nokia 8000, се враќаат на пазарот во модерно руво.

Работат на оперативен систем KaiOS, од кој Nokia не се откажува, и ја поддржуваат можноста за 4G мрежи, како и WhatsApp, YouTube, Facebook, Google Maps и многу други.

Nokia 6300 4G се очекува да чини 49 евра, додека за Nokia 8000 изгледа ќе треба да издвоите 79 евра. Како што истакна HMD Global, тие ќе бидат достапни „само на избрани пазари“.

URL

Nokia 6300 4G наводно ќе има 2,4-инчен екран со резолуција од 320×240 пиксели, чипсет Qualcomm Snapdragon 210 и 512 MB RAM меморија. Исто така, доаѓа со 4 GB внатрешна меморија, поддршка за microSD картички до 32 GB, VGA камера на задната страна, 3,5 mm аудио приклучок и FM радио.

Кога станува збор за поврзувањето, би требало да има Wi-Fi, Bluetooth, A-GPS и microUSB поддршка, како и батерија од 1.500 mAh. Изгледа прилично слично на моделот од 2006 година, иако има две дополнителни копчиња.

Nokia 8000 4G ги има скоро истите карактеристики како Nokia 6300, само што има подобра камера (2MP) и 2,8-инчен екран.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе