НБА 2024/2025

Ноќта која Дончиќ ја чекаше: Хит реакции за поранешните соиграчи, интересни извици од трибините

Зад нас е најемотивната ноќ за Лука Дончиќ во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, кој играше против својот поранешен клуб Далас Маверикс, а дуелот донесе бројни интересни ситуации.

Словенецот имаше многу причини да се докажува и да бара одмазда. Тој за прв пат се соочи со своите долгогодишни соиграчи и се сретна со луѓето кои го пуштија во Калифорнија без негово знаење. Практично на непрофесионален начин беше исфрлен од Далас, па не е чудо што беше крајно мотивиран да му покаже на генералниот менаџер Нико Харисон дека погрешил.

Дончиќ ја заврши ноќта со трипл-дабл. Против својот поранешен клуб постигна 19 поени, додаде 15 скокови и направи 12 асистенции и беше еден од клучните двигатели на победата од 107:99.

Но, по една тројка, тој создаде сцена која го обиколи светот. Прво погоди одлична тројка, негова прва на натпреварот, а потоа луто и решително погледна кон клупата на Далас, гледајќи гневно кон поранешните соиграчи, но и кон Нико Харисон, човекот кој го трејдуваше.

Харисон е шеф на кошаркарските операции и генерален менаџер на Далас Маверикс, човекот кој е најзаслужен за трансферот на Дончиќ во Лејкерс.

Токму нему навивачите на Лејкерс му скандираа и пееја во поголемиот дел од натпреварот. „Ти благодараме Нико“ скандираа навивачите на Лејкерс во текот на целиот натпревар.

Одличен беше и Леброн Џејмс со 27 поени и 12 скокови, додека Кајри Ирвинг постигна 35 поени за Далас, но ниту тоа не беше доволно неговиот тим да победи.

Remote video URL

Резултати:

Лос Анџелес Лејкерс - Далас Маверикс 107:99
Голден Стејт Вориорс - Шарлот Хорнетс 128:92
Торонто Репторс - Бостон Селтикс 101:111
Орландо Меџик - Кливленд Кавалирс 82:122
Хјустон Рокитс - Милвоки Бакс 100:97
Мемфис Гризлис - Феникс Санс 151:148
Њу Орлеанс Пеликанс - Сан Антонио Спарс 109:103

Табела:

реклама

Пилешките стекови ќе бидат посочни ако додадете една состојка пред готвењето

Read more

Голем неделен хороскоп од 5 до 11 октомври

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Случајот со седумте студенти обвинети за групно силување ја тресе Америка

Read more

Кошарка

Дресот на Џордан од „Последниот танц“ се продаде за рекордни 12,26 милиони долари

Read more

Лас Вегас на чекор од НБА тим: Три групи во историска трка

Read more

Шек ги спореди НБА и Евролигата: Знам дека ќе добијам многу критики

Read more

Леброн Џејмс во дрес на Филаделфија: Не дојдов тука за да изгубам во втората рунда

Read more

Спорт

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе

Кениецот Дерик Чеге Њороге победник на 22. Виз Ер Скопски маратон

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во Малезија: Стартот одложен за повеќе од 1,5 час, дождот предизвика софтверски дефекти кај 10 болиди

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ: Прв пат чувствувам срам

Читај повеќе