Српските тенисери се пласираа во полуфиналето на АТП купот во Сиднеј со победа над репрезентацијата на Канада (3:0) и покажаа како се слави национален успех.
Откако двојката Виктор Троицки-Никола Чачиќ го донесе и третиот бод за Србија против Канада, а претходно во сингл триумфираа Душан Лајовиќ и Новак Ѓоковиќ, српските тенисери на терен славеа неколку минути заедно со навивачите кои дојдоа да ги поддржат.
Овојпат, водач на славјето беше Ноле.
„Јас те сакам, јас те сакам, јас те сакам, Србијо!“, разлеа Ѓоковиќ среде Сиднеј, а неговите сонародници веднаш му се придружија.
„Не се чувствувам малку како да сум дома, навистина се чувствувам како да сум дома“, рече најдобриот српски тенисер и им се заблагодари на навивачите кои ги бодреа во Сиднеј.
Утре се соочуваат со Русија во полуфинале.