Ноле шокираше: Ме отруја во Австралија, ова никогаш никому не сум го кажал

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, од почетокот на годината е во Австралија каде ја започнува новата сезона и дава низа изјави и интервјуа за тамошните медиуми.

Во едно такво ги шокираше сите кога раскажа што му се случило во 2021 година, кога, бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот, беше сместен во имиграциски центар, пред да биде депортиран од земјата.

Имено, Ѓоковиќ рече дека потоа бил отруен со храна во имиграцискиот центар.

„Навистина ми се слоши, но откако поминаа неколку дена откако обичниот вирус толку многу ме потресе, лекарскиот тим дојде да ме провери во мојот стан. Ова се случи неколку пати, а потоа направив токсикологија. Кога се вратив дома, имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен со храна во тој хотел во Мелбурн, никому не му кажав за ова, но кога се вратив во Србија открив високо ниво на тешки метали во мене. Имав во себе високо ниво на олово и жива“, раскажа Новак.

Тогаш новинарот го праша дали сепак одлучил да се вакцинира.

„Не, не! Затоа што мислев дека не ми треба вакцината. Јас сум здрав човек, се грижам за моето тело и здравствените потреби, јас сум професионален спортист и затоа внимавам што ставам во себе. Редовно правам разни тестови, крв, сѐ живо... Знам точно што се случува, па не почувствував потреба да се вакцинирам. Важно е да кажам дека не бев опасност за никого. Бидејќи имав антитела“, изјави Ѓоковиќ.

Австралиското Министерство за внатрешни работи, контактирано во врска со неговите тврдења, кратко соопшти дека „од безбедносни причини не можат да коментираат поединечни случаи“, пренесува локалниот весник GQ.

Новак наскоро ќе го започне настапот на Австралија опен каде ќе бара нова Грен слем титула и севкупно 100-та титула во кариерата.

Претходно, минатата недела шокантно беше елиминиран веќе во четвртфиналето на АТП турнирот во Бризбејн од Рајли Опелка.

реклама

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Read more

Тенис

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Сабаленка го освои Бризбејн

Read more

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе