„Нормално“ лето дури во 2022 година, предвидува германски виролог

Главниот германски виролог Кристијан Дростен очекува дека светот, во однос на пандемијата, нема да се врати во „нормалност“ долго време и рече дека не верува во можноста за слободно патување во текот на летово.

За јавниот сервис ARD, Дростен предупредува на влошување на епидемиолошката состојба на пролет.

Тој рече дека по Велигден сè уште нема да има доволно вакцинирани луѓе и предупреди дека ако тогаш се олабават мерките, ќе има ново силно ширење на коронавирусот.

Тој е скептичен дека ќе биде можно слободно патување во текот на летото. Дростен смета дека засилените контроли на границата и намалениот воздушен сообраќај се корисни.

„Ако имаме силна инфекција во земјата, тогаш не е многу важно дали се додава нешто однадвор, но ние веќе минавме голем дел од патот и затоа мора да бидеме внимателни што доаѓа од надвор“, објасни тој.

Пандемијата, според него, не може да се прогласи за победена.

„Овој вирус не е безопасен. Не може да се појде од тоа дека се опфатени ризичните групи и да се прогласи победа над пандемијата. Потребно е постепено да се олеснуваат мерките и секогаш да се анализира како тие функционираат“, подвлече тој.

Што се однесува до 2022 година, Дростен е уверен дека ситуацијата ќе изгледа подобро.

„Мислам дека ќе можеме сосема нормално да уживаме во летото дури по една и пол година“, рече германскиот виролог.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Живот

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Read more

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more
 

Магазин

Три фрази што ги користат луѓето кои имаат силна ментална отпорност

Читај повеќе

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Читај повеќе