Норвешка ѝ доаѓа на помош на ЕУ откако Русија ја намали испораката на гас

Европската Унија денеска се согласи со Норвешка, најголемиот западноевропски производител на гас, да го зголеми снабдувањето со цел норвешкиот гас да го надополни недостигот за членките на Унијата, од кои половина се соочуваат со прекини во испораките од Русија.

Брисел денеска соопшти дека 12 земји-членки се соочуваат со недостиг бидејќи Русија го намалила приливот преку гасоводот Северен поток 1, наведувајќи ги техничките тешкотии, поконкретно, тоа што не ѝ е испорачана гасна турбина Siemens.

Норвешка го зголеми производството

Москва претходно престана да им спорачува гас на Полска и Холандија, како и на некои други земји кои одбија да платат во рубли, според новата формула за плаќање на Москва.

Норвешка и Европската комисија „ќе ја засилат соработката за да обезбедат дополнителни“ количини од Норвешка, се вели во соопштението по средбата на комесарот за клима на ЕК, Франс Тимерманс, и норвешката министерка за енергија Терје Асланд во Брисел.

Норвешка го зголеми производството на гас за да одговори на европскиот недостиг и очекува раст на продажбата од 8 отсто, на 122 милијарди кубни метри годишно.

Тоа би било дополнителни 100 TWh и секое дополнително производство веројатно би отишло во ЕУ.

Европската Унија покрива една петтина од потребите за гас од Норвешка, што е мало во споредба со 40 проценти што ги увезуваше од Русија пред руската агресија врз Украина на 24 февруари.

„Норвешка ќе остане главен снабдувач“

Во соопштението се вели дека Норвешка ќе остане „главен снабдувач“ на Европа и по 2030 година. Таа ветува соработка во користењето на обновливите извори на енергија и зелените технологии.

Инвестирањето во нови наоѓалишта на гас ги зголемува стравувањата дека војната во Украина ќе означи враќање на старото и покрај ветувањата на многу држави дека постепено ќе ги исфрлат фосилните горива и ќе се префрлат на обновливи извори за да ја спасат планетата.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш минатата недела изјави дека новите инвестиции во фосилните горива се „разочарувачки“ со оглед на влијанието врз климата.

ЕУ очекува нејзината вкупна побарувачка за гас да се намали за 30 отсто до 2030 година за да ги исполни своите климатски цели и ги повикува членките да се префрлат на обновливи извори и да заштедат енергија за да го заменат рускиот гас.

Тагови
реклама

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе