Норвешка официјално ја повлече од употреба вакцината на AstraZeneca против COVID-19, објави DPA.
Премиерката на државата Ерна Солберг изјави дека одлуката е донесена врз основа на препораките на експертска комисија и на Норвешкиот институт за јавно здравје (FHI), кои советуваат да се изземат од норвешката програма за имунизација вакцините на AstraZeneca и на Johnson & Johnson поради ризик од многу ретки, но сериозни несакани ефекти.
Владата во моментов размислува да им ја понуди вакцината на Johnson & Johnson на оние кои сакаат да бидат имунизирани со неа.
Норвешка прекина да ја користи вакцината на AstraZeneca на 11 март како мерка на претпазливост, откако беше пријавено згрутчување на крвта по вакцинирањето, вклучително и смртни случаи. Дотогаш, околу 138.000 луѓе беа имунизирани со таа вакцина.