ЕХФ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2020

Норвешка остана единствена со максимален учинок

И без голгетерот Сагосен репрезентацијата на Норвешка ја совлада Словенија и остана единствената репрезентација со максимален скор.

Откако Шпанија и Хрватска одиграа нерешено и ја прекинаа серијата победи, Норвешка ја совлада Словенија и остана единствената репрезентација со максимален учинок, 7 победи од исто толку натпревари.

Норвешкиот селектор се одлучи меѓу другите да го одмори и најдобриот поединец Сандер Сагосен кој е убедливо најдобар стрелец на првенството, но и без неколкумина Норвешка забележа победа.

И Словенците комбинираа со составот, а Норвежаните имаа водство цел натпревар освен на почетокот кога Словенија поведе со 1:0. Кон крајот на натпреварот словенечките ракометари успеаја да се доближат и до еден гол негатива, но сепак Норвешка успеа да ги собере бодовите победувајќи со 33:30.

Кевин Гуликсен со 7 голови од 7 удари беше најефикасен и воедно прогласен за играч на натпреварот.

Табела група II:
1. Норвешка 10 (5) 157:135
2. Словенија 6 (5) 138:132

3. Португалија 4 (5) 146:142
4. Унгарија 4 (5) 126:140
5. Исланд 2 (4) 101:110
6. Шведска 2 (4) 88:97

Во другата група кодомаќинот Австрија не успеа да се прости со победа и треба да биде среќна што не заврши со пораз. Белорусија водеше во најголемиот дел од натпреварот, едно време и со 4 разлика, но на крајот Австријците собраа сили и се изборија за реми.

Табела група I:
1. Шпанија 9 (5) 153:127
2. Хрватска 9 (5) 127:113

3. Германија 4 (4) 115:103
4. Австрија 3 (5) 139:156
5. Белорусија 3 (5) 138:160
6. Чешка 0 (4) 100:113

Во полуфиналето во петок ќе се сретнат:

18.00: Шпанија - Словенија
20.30: Норвешка - Хрватска

реклама

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе