Русокосата убавица од Норвешка, Фрида Асен, во јули се омажи за италијанскиот бизнисмен, 36-годишниот Томи Киабра. Во интервју за Vogue таа опиша како сфатила дека токму тој е мажот со кој сака да го мине остатокот од животот.

Нивната љубовна приказна почнала со неверојатно патување на Хималаи, а кулминирала со спектакуларна дводневна венчавка во Портофино, на 14 јули.
„Томи ме повика на еднодневна хајкинг тура на Хималаи, а се познававме само неколку месеци. На Хималаите се беше многу интензивно, и физички и емоционално и во тој момент сфативме дека заедно можеме да пребродиме што било. Тоа нѐ зближи, таму се вљубивме вистински еден во друг“, вели Фрида.
Норвешката манекенка има работено за најголемите имиња од модната индустрија, меѓу кои и Victoria's Secret.
Брачната двојка патува низ целиот свет, а се запознаа во 2019 година.