Норвешката Влада бара да се инвестира повеќе во американски отколку во европски акции

Норвешкиот суверен фонд, вреден 1,15 трилиони долари, треба повеќе да се пренасочи кон инвестиции во САД и Канада, а да намалува во Европа, предложи денеска малцинската Влада на земјата.

Таквиот предлог, доставен до Парламентот по препорака на норвешката Централна банка која управува со фондот, на крајот може да резултира со трансфер на повеќе од 100 милијарди долари во американски акции.

– Измените што ги предлагаме ќе обезбедат подобра распределба на инвестициите во создавање додадена вредност во компаниите кои котираат на глобално ниво, нагласи министерот за финансии Јан Торе Санер во соопштение.

Најголемиот светски суверен фонд традиционално им даваше приоритет на европските берзи, фокусирајќи се на земјите со кои Норвешка најмногу тргува, а помалку на земјите во Северна Америка.

Фондот во моментов поседува околу 1,5 процент од сите акции на глобално ниво, при што неговиот сопственички удел во компании во Европа изнесува 2,6 проценти од сите акции и нешто повеќе од 1,0 проценти во САД, се наведува во информацијата.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе