Нов холивудски пар на повидок: Педро Паскал и Џенифер Анистон фотографирани на вечера

Актерите Џенифер Анистон и Педро Паскал беа видени како поминуваат време заедно во ресторанот Sunset Tower во Западен Холивуд во саботата навечер.

Како што пишуваат странските медиуми, двајцата уживале во вечера која траела три часа, а целата средба привлекла големо медиумско внимание. Анистон за оваа пригода избра црни панталони, бела маичка, црн елек и чизми со потпетици.

Пристигнале на вечерата одделно, нешто по 20 часот, а од ресторанот одделно излегле половина час пред полноќ. Тие беа фотографирани како разговараат надвор, пред да се разделат.

Фотографиите ги објави Daily Mail. Иако нивната вечера беше приватна, оваа средба доаѓа во време кога се појавија гласини дека Педро Паскал би можело да добие улога во серијата на Анистон The Morning Show.

Неодамна на црвениот тепих на доделувањето на Наградите по избор на критичарите, Анистон и нејзината колешка Рис Витерспун го поканија Паскал да се приклучи на актерската екипа на серијата во четвртата сезона.

„’Дали сакаш да бидете дел од серјата?’, праша Анистон, а Витерспун додаде: ‘Чекај, имаме навистина добра улога за тебе’“.

Паскал потоа одговори дека сака да дознае повеќе за потенцијалната улога и праша дали тоа би вклучувало нешто романтично со некого, на што Анистон низ смеа одговори: „Со сите нас“.

Паскал потоа на шега рече: „Спијам со сите во сериите каде играм. Во ред е. Во ред, морам да проверам со моите агенти“.

Оваа средба привлече дополнително внимание, бидејќи Анистон долго време не била романтично поврзана со никого. Познато е дека таа беше во брак со актерот Бред Пит од 2000 до 2005 година, а потоа и со актерот Џастин Теру од 2015 до 2017 година. Нејзиниот последен сопруг Џастин Теру неодамна повторно се ожени за 23 години помладата актерка Никол Брајдон Блум.

реклама

Филм & ТВ

Синот Ник уапсен за убиството на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел

Read more

Сидни Свини заводливо позираше на премиерата: Тесна бела облека ѝ го истакна деколтето

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Убиени режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел

Read more
 

Сцена

Синот Ник уапсен за убиството на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел

Читај повеќе
  • filter

Сидни Свини заводливо позираше на премиерата: Тесна бела облека ѝ го истакна деколтето

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Убиени режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел

Читај повеќе
  • play_arrow

Гостувањето на Ван Дам во Friends било непријатно искуство за Кокс и Анистон

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Шакира запеа со синовите, публиката во солзи

Читај повеќе
  • play_arrow

Сѐ што е погрешно со новиот Superman

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Кроу разочаран од продолжението на Gladiator

Читај повеќе
  • play_arrow

Тензија, шамар и крваво лице: Стигна тизерот за филмот The Drama

Читај повеќе