Во Минск денеска почна уште еден протест, што е најавен како најмасовен досега, а според аналитичарите можно е да биде и најнасилен.
Еден белоруски новинар на Twitter објави дека во моментот на улиците на главниот град на Белорусија има повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.
На протестите им се приклучија и работниците од фабриката МТЗ и рударите од Солигорска, кои се во штрајк и покрај вчерашните предупредувања од белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ако не се вратат на работните места ќе добијат отказ.
Демонстрациите во Белорусија почнаа на 9 август поради незадоволство од изборините резултати според кои Лукашено го освои шестиот мандат со над 80 отсто од гласовите. Демонстрантите бараат оставка од Лукашенко, додека тој тврди дека протестите имаат финансиска и воена поддршка од Запад.