Нов начин на пресметка на платите, предлага синдикатот на УПОЗ

Скопје, 17 септември 2019 (МИА) – Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) денеска предложи нов начин на пресметка на платите во администрацијата, според кој, вредноста на бодот би се усогласувала со висината на просечната плата во државата секој месец.

Доколку Владата не сака да отстапи од сегашниот концепт на плати УПОЗ бара, како што велат оттаму, да се направи правилна пресметка на трошоците за храна и превоз коишто во брутото се пресметуваат со износот од 2009 година.

Трпе Деановски, генерален секретар на УПОЗ, денеска на прес-конференција рече дека не се согласуваат со предвиденото покачување на платите.

– Со зголемување на минималната плата, концептот на платите во администрацијата, судовите и обвинителствата и затворите ќе биде апсолутно нефункционален и некорисен. За де се избегне колапсот и неминовните штрајкови предлагаме нов начин на пресметка на платите со којшто Владата ќе ја замрзне сегашната вредност на бодот на административните службеници од 81,1 денар. Вредноста на бруто исплатената плата на јуни изнесува 37.440 денари. Кога вредноста на бурто платата ќе ја поделиме со 81,1 денар ќе ни го даде коефициентот 462, рече на прес-конференција Деановски.

Таков систем на пресметка на плати, дополни, веќе постои во многу држави во Европа и со него ако расте просечната плата ќе се зголеми и платата во администрацијата, а ако паѓа ќе се намалува и платата на административците.

Според Деановски, со правилна пресметка на храната и превозот платите на сите вработени во државата без разлика дали се во јавниот или во приватниот сектор ќе се зголемат за 4.755 денари. Во 2009 година со реформата на концептот на бруто плата на вработените во пресметката на плата им беа вклучени и трошоците за храна и превоз. Тогаш износот за превозот беше 900 денари, а за хранарината 2.300 денари.

– Согласно со последната објавена потрошувачка кошничка од Државниот завод за статистика доколку месецот има 22 работни дена висината на трошокот за храна треба да изнесува 6.755 денари, а за превоз се движи од 1.200 до 1.500 денари и вкупно би бил 7.955 денари, наведе генералниот секретар на УПОЗ и најави дека за предлозите ќе ги информираат Владата и министерствата за финансии и за информатичко општество и администрација.

Со најавената субвенција од Владата, велат од УПОЗ, платите во приватниот сектор ќе се зголемуваат до 6.000 денари, а со покачувањето од пет проценти вработените со најниски плати во администрацијата и јавниот сектор ќе добијат зголемување од 500 денари.

– Бидејќи државата не може да се субвенционира самата себе бараме решение како да го направи тоа без некаква субвенција. Наједноставно решение е зголемување на трошокот за  храна и превоз. Ако се зголеми нема да биде 100 евра, но ќе дојде до 4.900 денари. Но, подобар би бил првиот предлог, да се замрзне вредноста на бодот и платата да се пресметува со ислатената бруто плата секој месец, рече Деановски.

Тој оцени дека нискиот износ на платите во администрацијата е причина за одлив на вработените од овој сектор. Ако во државата просечната плата изнесува 25.200 денари,  просечната плата во администрацијата е 17.000 денари. Над 80 проценти  од вработените во администрацијата земаат помала плата од државниот просек, информира генералниот секретар на УПОЗ.

Минималната плата во државава сега изнесува 12.600 денари, а според УПОЗ нејзиниот реален износ треба да биде 60 проценти од просечната плата и да изнесува 15.123 денари.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе