Кошарка
НБА 2019/20

Нов подвиг на Дончиќ, најмлад играч со трипл-дабл 20-15-15

16. јануари 2020 - 9:52 | Ф.З.

Словенечкото чудо продолжува да руши рекорди во НБА откако ноќеска го зачини триумфот на Далас со нов подвиг.

Маверикс славеа тесно на гостувањето во Сакраменто, а Лука Дончиќ запиша 25 поени, 15 скокови и 17 асистенции со што сруши нов рекорд. Имено, тој стана најмладиот НБА кошаркар кој успеал да направи трипл-дабл со бројки над 20-15-15. Досега овој рекорд го држеше Меџик Џонсон уште од 1981 година кога имаше 21 година. 

Лејкерс го забележаа осмиот пораз сезонава откако беа непријатно изненадени пред своите гледачи од Орландо. За гостите Маркел Фулц запиша трипл-дабл со 21 поен, 11 скока и 10 асистенции. Кај домашните Леброн Џејмс заврши со 19 поени и 19 асистенции, но само 3 скока.

Резултати:
Бостон Селтикс - Детроит Пистонс 103:116
Филаделфија 76-ерс - Бруклин Нетс 117:106
Мајами Хит - Сан Антонио Спарс 106:100
Чикаго Булс - Вашингтон Визардс 115:106
Минесота Тимбервулвс - Индијана Пејсерс 99:104
Оклахома Сити Тандер - Торонто Репторс 121:130
Денвер Нагетс - Шарлот Хорнетс 100:86
Хјустон Рокитс - Портланд Треил Блејзерс 107:117
Сакраменто Кингс - Далас Маверикс 123:127
Лос Анџелес Лејкерс - Орландо Меџик 118:119

Коментирај