НБА 2022/2023

Нов пораз за Лејкерс, Далас победи без Дончиќ, Ирвинг и Хардавеј

Во најквалитетната кошаркарска лига во светот ноќеска се одиграа 7 натпревари, а нешто поуспешни беа гостите кои забележаа 4 победи.

Ноќта ја отвори дуелот меѓу Кливленд Кавалирс и Филаделфија 76ерс, а на крајот славеа гостите со 118:109, со одлична партија што ја пружи Камерунецот Жоел Ембиид со дабл-дабл учинок од 36 поени и 18 скока.

Го следеше Џејмс Харден со 28 поени, додека кај поразениот тим се истакна Карис ЛеВерт со 24 поени.

Remote video URL

Со тоа Филаделфија ја продолжи победничката серија која сега трае веќе 6 натпревари.

Мајами Хит на домашен терен го победи Мемфис Гризлис со 138:119, а до победата предводеа Бем Адебајо кој постигна 26 поени и Тајлер Хироу кој натпреварот го заврши со 24 поени. Џерен Џексон од Мемфис постигна 25 поени и беше најефективниот играч на својот тим.

Remote video URL

Хјустон му нанесе нов пораз на Лос Анџелес Лејкерс, 36-ти оваа сезона. Резултатот беше 114:110. Кевин Портер го предводеше Хјустон и за еден скок не направи дабл-дабл откако натпреварот го заврши со 27 поени, 9 скока и 6 асистенции. Кај Лејкерс најдобар беше Остин Ривс со 24 поени, а дабл-дабл имаше Џеред Вандербилт со 13 поени и 10 скокови.

Remote video URL

И покрај победата, Хјустон останува закован на дното од Западната конференција.

Далас Маверикс без повредените Лука Дончиќ, Кајри Ирвинг и Тим Хардавеј успеа да победи на гости кај Сан Антонио Спарс со 137:128, но по продолжение. Двајца играчи на Далас остварија дабл-дабл и тоа Крисчн Вуд со 28 поени и 13 скокови и Реџи Булок со 20 поени и 13 скокови. Кај поразениот домаќин Келдон Џонсон уфрли 27 поени со 8 скокови.

Remote video URL

Ова е прва победа за Далас по трите порази во низа.

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Филаделфија 76ерс 109:118
Мајами Хит - Мемфис Гризлис 138:119
Чикаго Булс - Сакраменто Кингс 114:117
Хјустон Рокитс - Лос Анџелес Лејкерс 114:110
Минесота Тимбервулвс - Бостон Селтикс 102:104
Сан Антонио Спарс - Далас Маверикс 128:137
прод.
Лос Анџелес Клиперс - Голден Стејт Вориорс 134:126

Табела:

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе