Нов „предизвикан“ земјотрес регистриран во Стразбур

Според Националната мрежа за сеизмички мониторинг (РЕНАС) на Франција, новиот земјотрес беше почувствуван денеска во пошироката област на Стразбур, каде неодамна беше запрено продолжувањето на геотермалниот проект по претходните сеизмички епизоди.

РЕНАС го класифицираше овој земјотрес што се случи во 6:59 часот наутро како „предизвикан“, односно предизвикан од човечка активност. Епицентарот на земјотресот се наоѓа во близина на локација каде се изведува проект за геотермална централа, предводен од компанијата Fonroche северно од Стразбур, во комуните Ванденхајм и Рајхет.

На оваа локација, беа избушени два бунара на длабочина од 5 километри со цел да се испумпува топла подземна вода за да се искористи нејзиниот енергетски потенцијал на површината, пред повторно да се внесе во подземјето. Многу жители од регионот преку интернет повикуваат на крај на геотермалните активности во Рајхстет-Венденхајм.

По првиот земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала, кој се случи на 12 ноември 2019 година и чиј епицентар беше регистриран на 5 километри од геотермалното место, активностите на локалитетот беа запрени од префектурата на Долна Рајна. Студиите спроведени за да се разбере потеклото на овој земјотрес не овозможија да се одлучи помеѓу хипотезата за земјотрес од природно потекло или од предизвикано потекло.

Во октомври беа извршени тестови на геотермалната локација. Следуваа нови повторени потреси, десет за две недели помеѓу крајот на октомври и почетокот на ноември, што доведе до наредба за прекин на изведбите од страна на префектурата на Долна Рајна. Fonroche призна дека овие потреси во изминатите два месеци се должат на нејзините тестови.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе