Нов шок во тенисот: Тенисери и тенисерки им се заканија на грен слем турнирите

Претставниците на топ 20 тенисери и тенисерки доставија јасна листа на барања до организаторите на четирите грен слем турнири.

Само неколку недели откако Професионалната тениска асоцијација (ПТПА) ги тужеше водечките тениски авторитети (АТП, ВТА, ИТИА и ИТФ), се случи нов потрес во белиот спорт.

ПТПА не ги тужеше грен слемовите, но затоа најдобрите тенисери на планетата планираат потенцијално да го сторат ова, и тоа поради парите.

Според информациите на францускиот „Лекип“, 20-те најдобри тенисери испратиле остро барање до Австралија опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС опен и бараат порамноправна распределба на парите.

Тие во писмото наведуваат дека лига како НБА дава минимум 50% од приходот во текот на една сезона на играчите, а во тенисот таа бројка е многу помала. На пример, вкупниот награден фонд на Ролан Гарос лани изнесуваше 53,4 милиони евра, односно само 16% од приходот на овој турнир (338 милиони).

Претходниот притисок на играчите се исплатеше бидејќи 2022 година забележа значително зголемување на паричните награди, најмногу за победниците на грен слем турнирите (54%), полуфиналистите (60%) и за победниците од првото коло (40%).

Минатата година Ролан Гарос го зголеми наградниот фонд за 7,82% во однос на 2023 година, а победниците во машки и женски сингл добија 2,4 милиони евра.

Кога ќе се соберат сите грен слем турнири, беа поделени вкупно 254 милиони евра наградни средства, што е повеќе од 231 милион од 2023 година, а тие пари ги собраа над 800 натпреварувачи во сите категории.

Сега се очекува реакцијата на организаторите на грен слемовите, пред сè, на Ролан Гарос, кој почнува на крајот на мај. Наградниот фонд Роланд Гарос ќе го објави за еден месец.

реклама

Вреди 400 пати повеќе од злато: Кој е најскапиот метал?

Read more

Утре почнува Годината на Огнениот Коњ: Што предвидува кинескиот хороскоп за секој знак?

Read more

Голем неделен хороскоп од 16 до 22 февруари: Што му предвидува на вашиот знак?

Read more

BMW повлекува стотици илјади автомобили 

Read more

Тенис

L'Équipe: Ѓоковиќ одбегнува да даде одговор

Read more

Музети доминантно водеше со 2:0 против Ѓоковиќ, а потоа го предаде мечот

Read more

Разиграниот Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен

Read more

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Струмичани го освоија Гостивар, Лавовите лесно со Шкупи

Читај повеќе

Единствениот спорт без жени на ЗОИ 2026: Зошто олимпискиот сон за спортистките сè уште е забранет?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прва олимписка тепачка по 1998: Се пресметаа Французин и Канаѓанец

Читај повеќе
  • play_arrow

Ентони Едвардс е MVP - ги предводеше Stars до возбудлива победа на Ол-стар 

Читај повеќе

Сити не спие, има замена за Гвардиола

Читај повеќе
  • play_arrow

Tutosport ја напаѓа ѕвездата на Интер: Срамна прослава

Читај повеќе

Спортистите во Олимпиското село останаа без кондоми

Читај повеќе

Дембеле ги критикува соиграчите: ПСЖ мора да биде на прво место, а не поединци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Обожавателите се возбудени: Мекгрегор сериозно тренира, чека покана за настанот во Белата куќа

Читај повеќе