Нов Зеланд го продолжи карантинот во Окленд на уште 12 дена

Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн соопшти продолжување од 12 дена на рестриктивните мерки за заштита од COVID-19, откако кластерот нови случаи се искачи на 29.

Во Нов Зеланд има четири нивоа на алармантност, а Окленд е на Ниво 3 од завчера.

Остатокот од земјата е на Ниво 2, а Ардерн рече дека и двете ќе бидат продолжени.

Нов Зеланд успеа да ја запре заразата со новиот коронавирус и забележа 102 дена без локална трансмисија.

Уште се истражува потеклото на кластерот во Окленд, најголемиот град во Нов Зеланд каде живеат 1,5 милиони луѓе.

Зошто 12 дена?

Премиерката рече дека одлуката за продолжување на рестриктивните мерки е „во согласност со нашиот претпазлив пристап и философијата на Нов Зеланд да се настапи агресивно и рано“.

Таа рече дека за 12 дена очекува кластерот да биде идентификуван и изолиран и дека ќе можеме самоуверено да го вратиме Окленд на Ниво 2“.

На прашањето дали се очекуваат нови случаи од кластерот, Ардерн рече дека кластерот „ќе расте пред да забави“.

Кои се рестриктивните мерки?

Ниво 3, кое е прогласено во Окленд, значи затворање на сите јавни институции и згради – библиотеки, музеи, киносали, игралишта...

Луѓето мора да работат од дома каде што е тоа возможно, а децата се препорачува и охрабрува да учат од дома. До граѓаните се апелира да останат во нивното „домашно опкружување“ кога не се на работа, односно училиште.

Супермаркетите и бензинските станици може да работат, но сите други бизниси каде има „близок контакт“ мора да бидат затворени.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе