КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Нов Зеланд избори пласман на Светското првенство

Макфакс/Кајгана
/ 24.03.2025 / 10:31

По репрезентацијата на Јапонија, уште една селекција се пласираше на Светско првенство. Репрезентацијата на Нов Зеланд избори пласман на Мундијалот во 2026 година, чии домаќини ќе бидат Канада, САД и Мексико.

„Белите“ утринава ја совладаа Нова Каледонија со 3:0 во финалето на квалификациите во зоната Океанија, од каде што со новиот формат има едно загарантирано место на завршницата и едно во интерконтиненталниот бараж.

Иако резултатот беше убедлив, Новозеланѓаните се мачеа да спречат сензација пред 25.000 свои навивачи во Окленд.

Отпорот на аматерската селекција, репрезентативците на нов Зеланд го скршија во последните 30 минути од натпреварот.

Иако се очекуваше Крис Вуд да биде главна закана кон голот на Нова Каледонија, победата на „Белите“ ја донесоа Мајкл Боксал со гол во 62. минута, Коста Барбарусес во 66. минута и Елајџа Џаст во 80. минута.

Нов Зеланд е петтиот учесник на Мундијалот 2026, по Јапонија, која беше доминантна во азиските квалификации и организаторите на завршниот турнир.

Новозеланѓаните петти пат по ред ги освојуваат квалификациите за Океанија, а Светското првенство во 2026 година ќе биде нивно трето во историјата, по Мундијалите во 1982 во Шпанија и 2010 во Јужна Африка.

Нова Каледонија ќе има уште една шанса да дојде до Мундијалот. Оваа репрезентација ќе учествува во интерконтинеталниот бараж.

Претходно во полуфиналето Нов Зеланд со високи 7:0 го совлада Фиџи, додека Нова Каледонија со 3:0 беше подобра од Тахити. Завршниот фајнлфор турнир се одигра во Нов Зеланд.

реклама

Фудбал

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Read more

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Read more

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Read more

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Read more
 

Спорт

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

Модриќ со една изјава ги изнервира навивачите на БиХ

Читај повеќе
  • play_arrow

Ф1 циркузот се враќа во Португалија

Читај повеќе

Тупајиќ: Работнички мора многу подобро во пролетниот дел од сезоната

Читај повеќе

Брејди ја заинтригира НФЛ јавноста: Подготвен сум, би можел повторно да играм

Читај повеќе
  • play_arrow

Револверската пресметка меѓу Јокиќ и Шенѓун отиде кај најдобриот играч во светот

Читај повеќе

Која е тајната на најдоминантниот клуб во светот со 96 победи и 0 порази и нерешени резултати?

Читај повеќе