Нова атракција во Париз: Автобус кој се претвора во брод

Главниот град на Франција доби нова туристичка атракција - автобус амфибија.

Како дел од турата со ова превозно средство, туристите ќе возат низ улиците на Париз за да ги видат знаменитостите на француската престолнина, а потоа автобусот ќе се претвори во речен брод за забава и ќе плови по Сена.

Верзијата што се користи во Париз е нов дизајн изграден воглавно во Франција и според неговите оператори, тоа е првото амфибиско возило што има дозвола за превоз на туристи по друмските и водните патишта во Париз.

Оваа недела првите патници возејќи се во автобусот ги набудуваа знаменитостите на Париз, како што се Триумфалната порта и Ајфеловата кула. Потоа автобусот премина во речен режим, вклучувајќи го и пропелерот од задната страна, за да може да плови по Сена.

Како мерка на претпазливост, од едната страна беше подготвено сидро, како и елеци за спасување на патниците.

Предниот дел на автобусот е сличен по форма на брод, за да може полесно да влезе во вода, а располага и со пешачки мост кој се користи за качување. Во споредба со традиционалниот автобус, оваа палуба е особено висока, со цел да биде што подалеку од водата, од безбедносни причини.

Пловечките автобуси, познати и како „патки“, со години се користат за превоз на туристи низ градовите низ светот.

Првата компанија што имала таканаречени патка тури била основана во 1946 година во Висконсин. Денес вакви тури се нудат како туристичка атракција во Бостон, Сиетл, Даблин, Лондон, Будимпешта.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Чек дис аут

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе