Нова иницијатива за барање докази за вонземска технологија

Меѓународен тим истражувачи предводен од астрономот од Универзитетот Харвард, Ави Лоуб, објави нова иницијатива насочена кон барање докази за вонземска технологија.

„Со оглед на неодамнешното истражување кое покажува постоење на многу планети слични на Земјата во нашата галаксија, не можеме да ја игнорираме можноста дека технолошки цивилизации може да постоеле и пред нашата. Влијанието што секое откривање на вонземска технологија може да го има врз науката, врз нашата технологија и врз нашиот поглед на светот воопшто – ќе биде огромно!“, смета професорот Лоуб.

Иницијативата, наречена Galileo Project, бара инсталирање и употреба на светска мрежа на средни телескопи, камери и компјутери за проучување на неидентификувани летачки објекти. Проектот веќе има добиено финансирање од 1,75 милиони американски долари.

Во проектот учествуваат истражувачи од американските универзитети Харвард, Принстон и Калтех, како и Кембриџ во Обединетото Кралство и од Универзитетот на Стокхолм. Веста доаѓа еден месец откако Пентагон објави извештај за вонземјаните, во кој се заклучува дека десетици воздушни феномени забележани од воени пилоти не можат да се објаснат.

„Не се политичарите или војската оние што треба да го толкуваат она што го гледаме на небото – тие не се научници. Научната заедница треба да разбере што се случува“, рече Лоуб.

Покрај НЛО, „Проектот Галилео“ има за цел да ги проучува меѓувездените објекти што го преминуваат нашиот Сончев систем и да бараат можни вонземски сателити кои ја набудуваат Земјата.

Проф. Лоуб во сѐ ова гледа нова гранка на астрономијата наречена „вселенска археологија“, којашто покрај потрага по вонземски живот, ќе се обидува да открие и радиосигнали од вонземско потекло.

Ави Лоуб (59), е научник од израелско-американско потекло. Веќе има објавено стотици иновативни написи и трудови и соработувал со Стивен Хокинг. Тој е автор на полемичкиот научен труд, што тврди дека меѓуeѕвезден објект што накратко го преминал нашиот систем во 2017 година, можеби бил вонземско летало на сончева енергија.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе