УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2020/21

Нова победа на Македонија, падна Естонија во Скопје

Филип Здравески
/ 15.11.2020 / 16:52

Со 2:1 македонската фудбалска репрезентација ја победи Естонија иако настапи во ослабен состав и со само 16 фудбалери на располагање.

Фото: Филип Здравески

Селекторот Игор Ангеловски се соочи со доста проблеми пред натпреварот бидејќи поради суспензија не можеше да смета на голманот Столе Димитриевски и крилото Езџан Алиоски. Поради повреда отпадна и Аријан Адеми, а пред натпреварот, засега од непознати причини, отпаднаа и бекот Кире Ристевски и играчот од средниот ред Еннур Тотре. Изостанаа и планираните засилувања од младата репрезентација откако таму дури петорица фудбалери добија позитивен тест на COVID-19, па за денешниот натпревар Ангеловски на крајот можеше да смета на само 16 фудбалери.

Според тоа, се реши за Дамјан Шишковски помеѓу стативите, во одбраната Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Дарко Велковски и Егзон Бејтулаи, во средината Бобан Николов и Стефан Спировски, по крилните позиции Иван Тричковски и Александар Трајковски, Елиф Елмас како треквартиста и Илија Несторовски во нападот.

Долго време играше без креативност и без шанси, а до првата сериозна шанса се чекаше до 23. минута кога Естонците први се заканија преку Креида кој упати силен удар, но Шишковски беше добро поставен и одбрани.

Во 29. минута Трајковски нафрли од слободен удар, гостите расчистија, но топката дојде до Спировски кој одлично го пронајде Тричковски пред голот кој пак го отвори резултатот.

Remote video URL

Само што почна вториот дел, во 52. минута Сапинен упати мајсторски удар со ефе и го остави Шишковски неподвижен, а топката од стативата заврши зад гол-линијата за 1:1. Грешката беше на Велковски кој при обид да дрибла ја загуби топка пред нашиот гол.

Во 64. минута одлична шанса за Македонија. Бејтулаи нафрли, Ристовски биеше со глава, но Хеин спаси од самата гол-линија. Потоа во 67. и 68. минута две одлични шанси. Прво нововлезениот Влатко Стојановски го стави на маки Хеин, а потоа Николов успеа да промаши неверојатна шанса кога излезе сам пред гостинскиот гол, но го префрли голот.

Во истата таа 68. минута конечно Македонија постигна втор гол. Елмас овој пат нафрли, а Стојановски со глава го совлада Хеин постогнувајќи го својот втор гол во националниот дрес. Четири минути подоцна Стојановски се полакоми кога наместо да асистира шутираше во Хеин, за веднаш да им се извини на соиграчите.

Во втората минута од надополнувањето Аниер промаши одлична можност за израмнување кога од казнениот простор го префрли голот.

Со оваа победа сега Македонија има 9 бодови. Ова петто коло во нашата група ќе се комплетира денеска со натпреварот Грузија - Ерменија. Потоа во среда Лигата на нации ќе заврши со последното коло кога играме против Ерменија на неутрален терен во кипарската престолнина Никозија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Фудбал

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе