Нова театарска претстава за млади: Чудо

Новата театарска претстава за млади – „Чудо“ со текст и режија на Хана Миленковска премиерно ќе биде изведена во Културен центар „Јадро“ на 10.02.2025, а следниот ден на 11 февруари планирано е репризно издание. Изведбите ќе почнат во 20:00 часот.

Претставата ја сочинува млада актерската екипа со Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади Имери. Продукција на претставата е на Koma design studio.

Целта на оваа претстава е да се занимава со актуелни проблеми на младите луѓе од овој геополитички контекст, врзани со род, социјален статус, недостаток на конструктивна поддршка од системот и родителите, како и неможност да се потпрат на никој освен на своите врсници за одредени прашања.

Младите денес сѐ уште се соочуваат со недостаток на слух од образовниот систем, површно третирање на суштински проблеми, како врсничко насилство и родова и дискриминација по основ на сексуална ориентација. Покрај тоа, не постои формално сексуално образование, како и конзистентна и бесплатна поддршка за проблемите со менталното здравје кои за жал во ова доба се доста присутни, или веројатно поради доволно информации сме посвесни за нив сега од било кога.

Една од главните тези е дека сите сме ограничени од сопствените животни искуства и дека начинот на кој бараме и нудиме помош на околината зависи од тоа како ни се формирале тие концепти за време на развојот.

Оваа претстава има за цел да не потсети сите на фактот дека сме заедница, притоа поставувајќи ги прашањата кои не спречуваат да се поврземе.

Оваа претстава е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“, во рамки на проектот „Еднакви можности за девојките и младите жени во Северна Македонија“, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежа Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје. 

Претставата е наменета за млади и бесплатни влезници можете да резервирате на следниот линк.

За медиумски информации, интервјуа или дополнителни детали информирајте се на mladihub.mk.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: Почна да тоне додека беа отворени челичните врати

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Култура

Програма на 15. Филозофски филмски фестивал: Проекција на филмови и разговор со Меријам Тафакори

Read more

Хуманитарна изведба на претставата Гласови од театар Чекори на Светскиот ден на театарот

Read more

Прилепскиот театар затворен - објектот е опасен за ансамблот и публиката

Read more

Отворен првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Нереални снимки од протестот: Пикачу ги поддржа граѓаните во Турција

Читај повеќе

Путин: Украина би можела да биде ставена под привремена управа

Читај повеќе
  • play_arrow

Снимка од подморницата на смртта пред трагедијата во Египет: Почна да тоне додека беа отворени челичните врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Битолско

Читај повеќе

Разорен земјотрес го погоди Мјанмар

Читај повеќе

Без струја денеска дел од Карпош, Сарај и Бутел

Читај повеќе

Путин: Трамп е сериозен за Гренланд, oвие планови имаат длабоки историски корени

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе