Нова веб-апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро

Група на студенти развија веб-апликација која овозможува интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро. Оваа апликација е создадена да ги прикаже клучните еколошки параметри и податоци за двета езера низ годината кои произлегуваат од работата на Хидробиолошкиот завод - Охрид.

Преку веб-апликацијата hidrobioloski-zavod-ohrid.vercel.app, граѓаните, научниците и љубителите на природата ќе можат во секое време да пристапат до податоци за загаденост, температурата на водата, нивото на кислород, состојбата на биолошките видови и други значајни фактори кои влијаат на екосистемите на езерата. Апликацијата претставува практичен начин за подобро разбирање на состојбата на овие природни богатства и ја нагласува важноста на нивната заштита.

„Горди сме што студентите покажаа како иновативни решенија можат да придонесат за зачувување на природната средина. Оваа веб-апликација ќе овозможи транспарентен пристап до податоците за езерата, што е значаен чекор кон нивна одржлива заштита“, изјави Иван Јованов од Здружението Лидери за едукација, активизам и развој, организацијата реализитор на проектот „Иновациски кампови“.

Директорката на Хидробиолошкиот институт, Орхидеја Тасевска, го истакна значењето на ова решение: „Оваа апликација ќе ја приближи науката до јавноста и ќе овозможи сите заинтересирани страни да имаат пристап до најновите податоци за состојбата на езерата. Веруваме дека ова е одличен пример за тоа како младите можат да придонесат со своето знаење и креативност во заштитата на природата“.

Веб-апликацијата веќе е достапна за користење на hidrobioloski-zavod-ohrid.vercel.app, а повеќе информации може да се добијат преку веб-страницата на Хидробиолошкиот институт - Охрид.

Оваа веб-апликација беше развиена во рамки на проектот „Иновациски кампови“ во сорабока со Мрежата за искуствено учење“ и е реализиран од Здружението LEAD во партнерство со УНИЦЕФ и со финансиска поддршка на Шведска.

реклама

По 8 тешки години, конечно доаѓа среќа за 4 хороскопски знаци

Read more

Просечната цена на електричен автомобил сега е пониска отколку на хибриден

Read more

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Read more

Работници нашле злато вредно 9 милиони евра копајќи канализациска цевка

Read more

Македонија

ЕВН не смее да биде над законите: Левица бара одговорност за пожарите предизвикани од електричната мрежа

Read more

Нов случај на западнонилска треска во Арачиново

Read more

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Read more

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, во Прилепско нападнати пожарникари

Read more

Вести

Иран нуди награда од 30.000 долари за секој заробен или убиен американски војник

Читај повеќе

ЕВН не смее да биде над законите: Левица бара одговорност за пожарите предизвикани од електричната мрежа

Читај повеќе
  • filter

Автобус се преврте во Унгарија, 12 мртви, возачот е уапсен

Читај повеќе

Хаваи се подготвува за можен прв директен удар од ураган по 34 години

Читај повеќе

Нов случај на западнонилска треска во Арачиново

Читај повеќе

Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење

Читај повеќе

Јужна Кореја ја повикува Северна на дијалог: Сакаме траен мир

Читај повеќе

СВП контра Љутков: Никогаш немало предлог да се укинат Струшките вечери на поезијата

Читај повеќе

Проширувањето на ЕУ на пресвртница: Кој прв ќе оди во Брисел?

Читај повеќе