Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ добил медицинска потврда дека не може да се вакцинира затоа што неодамна бил заразен со ковид, соопштија неговите адвокати.
„Првиот позитивен ПЦР тест на ковид го направил на 16 декември 2021“, наведуваат адвокатите, пренесува BBC.
Ѓоковиќ веќе 3 дена се наоѓа во хотел за азиланти и чека решение за неговиот проблем откако по пристигнувањето во Мелбурн му е одбиена визата.
Според најавите, Ѓоковиќ ќе биде сослушан пред федералниот суд во понеделник.