Новата Мис Германија е најстарата победничка на изборот за убавина

Од оваа година изборот за Мис Германија оди во чекор со времето. Победничката е одбрана од жири составено исклучиво од жени, а новата Мис е 35-годишна самохрана мајка и воедно најстарата победничка во долгата историја на овој натпревар.

Леони Шарлот фон Хасе кога ја слушна веста на бината застана во победничка поза, со кренати раце, опкружена со 15 натпреварувачки кои исто така се надеваа дека ќе ја освојат круната.

„Ова е ноќ на силни жени“, изјави 35-годишната убавица.

Изборот за Мис Германија се одржува од 1927 година, но од минатиот викенд работите се променија. Организаторот Макс Клемер вели дека барале современа жена со став, присутна на социјалните мрежи, жена која ќе биде пример за другите. Изборот на Мис не се ограничува само на надворешниот изглед. Затоа од оваа година нема повеќе ревии во костими за капење. Жените се претставуваат во вечерни тоалети и секојдневна облека, со високи потпетици, но и со чевли без потпетици.

Новата Мис Германија е одбрана од исклучиво женско жири. Леони е најстарата Мис во 93-годишната историја. Таа е и првата мајка со оваа титула. Има тригодишен син.

„Карактерот доаѓа со животното искуство“, вели Леони.

Родена е и израсната во Намибија, каде живеат нејзините родители и трите сестри. По матурата студирала маркетинг и го има прошетано светот. Живеела во Атина, Лондон, Милано и Берлин. Работела во маркетинг агенции и како стилист.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе